Кимих по фијаското: Ова не личи на Баерн, не е проблем тактиката, туку…

Баерн Минхен по 21 одиграно коло ја имаше најдобрата одбрана во Бундес-лигата, примајќи само 21 погодок од стартот на сезоната. Во 22. рунда актуелниот првак му гостуваше на Бохум, каде во катастрофалното прво полувреме баварците примија дури четири погодоци, на крајот губејќи го натпреварот со 4-2.

Џошуа Кимих не го криеше разочарувањето по очајното издание на баварскиот гигант, втор сличен распад систем сезонава откако Баерн беше елиминиран и од Купот на Германија со преубедливи 5-0 од Борусија Менхенгладбах.

„За мене нема сомнеж, ова е најслабата партија на Баерн сезонава. Го имаме сиот квалитет за да победуваме рутински вакви средби, треба добро да размислиме зошто тоа не се случува. Проблем не е тактиката, добро почнавме, поведовме со 0-1, а потоа сите застанаа. Премногу често почнуваат да ни се случуваат вакви работи, а тоа не е добро. Сите треба да се запрашаат дали е тоа менталитетот што го краси Баерн Минхен како клуб. Свесни сме дека тоа не е така и мораме експресно да се кренеме и да не дозволиме вакви епизоди во иднина. За среќа, ова беше меч од Бундес-лигата и имавме предност од девет бода во однос на ривалите, но тоа не е никаков изговор“, изјави Кимих.

Се вчитува...