Кимих со еврогол го спаси Баерн од домашен пораз од Келн (ВИДЕО)

Баерн Минхен беше на добар пат да го претрпе првиот домашен пораз во Бундеслигата. Келн имаше водство на „Алијанц Арената“ во Минхен се до 90. минута, а потоа „бомба“ во голот на гостите.

Скири во 4. минута по изведен корнер успеа да ја замолкне арената во Минхен, и да донесе водство на Келн. Баерн Минхен чесно се изнапромаши. Погоди и статива два пати, промаши многу шанси, а на крајот Кимих со „бомба“ од 25 метри во горниот десен агол донесе еден бод за „Баварците“.

Вистинска катастрофа доживеа Херта која на свој терен е поразена од Волфсбург. Сванберг уште во 4. минута донесе водство, а потоа Арнолд од пенал, и Винд до полувремето донесоа 0-3. Баку во 72. минута Баку зголеми, за конечните 0-5 да ги постави Мармуш во 86. минута.

Крамариќ е спасител на Хофенхајм во 94. минута. Откако неговиот Хофенхајм губеше од Штутгарт 1-2, Хрватот со прекрасен гол успеа да донесе бод. Крамариќ во 11. минута се погрижи за домашно водство, а Гираси во судиското надополнување од првиот дел ирамни, за во вториот дел Ендо во 77. минута да донесе предност за „швабите“ кои не успеаја да ја задржат предноста во судиското надополнување.


Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...