Кин го распука Вокер: Лесно му е на Мане кога го чува идиот

Кајл Вокер беше меѓу најслабите поединци во таборот на Манчестер Сити на денешното дерби со Ливерпул, правејќи го пеналот по кој „црвените“ поведоа во раната фаза од мечот.

Критики кон десниот бек пристигнуваат од сите страни, но најжесток од сите беше поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, кој во програма во живо од студио го нарече Вокер – идиот.

„Лесно му е на Мане да изнуди пенал кога го чува идиот. Слушам луѓе како ми велат дека играл добро, јас не можам да видам што прави Вокер добро кога е на теренот. Не сум ни изненаден од неговата слаба игра, начинот на кој се брани во шеснаесетникот е шокантен. Никогаш нема да научи“, изјави Кин.

Се вчитува...