Кинеските пливачки со нов светски рекорд до златото на штафетата 4х200 метри слободно

Кинеските пливачки се хероини на денот во пливачките дисциплини откако го освоија златниот медал во штафетната трка на 4×200 метри слободен стил со време на нов светски рекорд.

Јунксуан Јанг, Нихан Танг, Јуфеи Жанг и Бингџи Ли пливаа со време од 7:40.33 минути, што е за 1.17 секунди побрзо од досегашниот рекорд на Австралија поставен на Светското првенство во Гвангжу пред две години.

Сребрениот медал го освоија Американките, кои, исто така, пливаа побрзо од светскиот рекорд, додека бронзениот медал и припадна на штафетата на Австралија.

Се вчитува...