Кипарските медиуми со пофалби за поранешниот селектор на Македонија – „Чеде Јаневски што фати позлатува“

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Макеоднија и тренер со кој Вардар настапи во Лигата на Европа, Чедомир Јаневски испиша историја со кипарскиот Олимпијакос, откако за првпат во историјата тимот влезе во групата за титула, кој пред неговото доаѓање имаше девет меча без победа. Кипарските медиуми се воодушевни од македонскиот стратег за кого велат дека се што ќе фати во животот, едноставно позлатува.

„Кога првпат дојде во Кипар во екипата на Енозис направи голема работа освојуваќи го шестото место, но уште поважно го донесе во Кипар, Иван Тричковски. Минатата сезона се врати во Енозис тим кој имаше само две победи, пет ремија и девет порази. Дојде собра голем број на бодови. Сега повторно истото. Го презема Олимпијакос тим кој имаше седум загубени мечеви и две ремија во последните девет натпревари. Вистинско чудо. Што и да одбере Чеде, очигледно е дека тимот процветува, а тој уште еднаш покажа колку голем тренер е“, пишуваат кипарските медиуми.

Се вчитува...