Кипријановска: Норвешка е светска сила, се надевам дека ние ќе се прикажеме во најдобро светло

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра двомеч против актуелниот европски и светски шампион Норвешка, во ЕХФ еврокупот како дел од априлскиот прозорец.

Во репрезентацијата се враќа и младата Јована Кипријановска која „кам-бекот“ во националниот тим го зачини и со прв интернационалец трансфер во францускиот Самбре Авенуа.

„Чест ми е секогаш кога сум дел од ова репрезентација и ќе се потрудам да дадам допринос најмногу што можам. Норвешка е светска сила. Чуството да можеш да играш против ваква репрезентација не може да се опише. Се надевам дека ќе се покажеме во најодобро светло и дека ќе одиме напред. Франција е голем предизвик за мене, но и голем чекор напред. Мислам дека ќе можам да се вклопам во системот и да напредувам ракометно. Самбре е амбициозна екипа и се стремат секоја сезона да направат нешто повеќе и се надевам дека ќе им помогнам во тоа. Како јаготка на шлагот пред заминување се надевам дека ќе се радуваме пак на двојна круна со Куманово“, изјави Кипријановска за ЕКИПА.МК.

Се вчитува...