Кипријановска: Се надевам дека оваа репрезентација ќе расте се повеќе

Женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да оствари нов одличен резултат, откако вчера триумфираше со 22-37 на гостувањето против Азербејџан, победа со која нашата национална селекција вторпат по ред ќе биде дел од еден континентален собир.

Јована Кипријановска не го криеше задоволството по вчерашниот триумф во Баку, изразувајќи надеж за уште подобри партии во иднина.

„Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но и покрај тоа ги освоивме бодовите и успеавме да бидеме фокусирани. Можеби на почетокот имавме проблеми, но успеавме да го контролираме резултатот. Многу сум среќна за оваа победа бидејќи ни донесе пласман на Европското првенство. Ова е голем успех за нашата земја, за тимот и за мене. Се радувам што и понатаму ќе тренирам со овој тим и ќе имам шанса дапридонесам уште многу. Одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе растеме уште повеќе до стартот на Европското првенство“, вели Кипријановска. 

Се вчитува...