Кире Ристевски: Трофејот во Купот е прекрасен крај на одличната сезона, и добра најава за настапот на ЕП

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски, со својот Ујпешт, стигна до трофејот во Купот на Унгарија како круна на извонредната сезона.

Ујпешт во финалето со 1-0 по продолженија славеше против Мол Фехервар, во чии редови целиот натпревар го одигра Висар Муслиу.

По освоениот пехар, Кире Ристевски, кој очекувано одигра цел натпревар во одбраната на Ујпешт, не го криеше задоволството од крајот на сезоната со освоен трофеј во Унгарија.

„Овој трофеј е прекрасен крај на одличната сезона. Со игрите и пристапот кон финалниот натпреварот заслуживме да дојде до пехарот. На личен план навистина не можев да посакам подобар финиш на сезоната, по пласманот на ЕП и триумфот против Германија во квалификациите за СП 2022. Трофејот секако е и добра најава за настапите со националниот тим на ЕВРО 2020“ – вели Кире Ристевски.

Се вчитува...