Кире Ристевски во тимот на колото во Унгарија

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски е избран во најдобриот тим на 32. коло во шампионатот на Унгарија.

Ристевски минува извонредна сезона во дресот на Ујпешт. Македонскиот дефанзивец во тимот на колото поради одличното издание на натпреварот против Диошѓер кој заврши без победник.

Пред неколку денови Ристевски за „закити“ и со трофејот во Купот на Унгарија откако во финалето беше подобар од Висар Муслиу и Мол Фехервар.

Се вчитува...