Кирјос конечно на страната на Ѓоковиќ – Само себични луѓе кои живеат во САД сакаат да се одржи УС опен

Најконтроверзниот тенисер на денешницата, Ник Кирјос смета дека годинава УС опен морада биде откажан поради пандемијата од коронавирусот. Многу тенисери меѓу кои и Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал го делат мислењето дека американскиот грен-слем без публика и со само еден тренер не треба да се одржи.

„Секако дека луѓето кои живеат во Соединетите Американски Држави сакаат годинашното издание на УС опен да се одржи. Себични се. Јас морам да го облечам моето одело за декомнтаминација кога ќе отпатувам од Австралија, а по враќањето ќе морам две седмици да поминам во карантин“, напиша Кирјос на твитер. 

Информацијата сама по себе е интересна бидејќи Австралијанецот за прв пат во кариерата застанува на страна на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ за кого во минатото се покажа дека нема некое големо мислење.

Се вчитува...