Кировски: Работнички може до триумф против Победа

По поразот од Шкендија, тимот на Работнички сака да се врати на победнички патеки, а в сабота, со почеток во 14 часот, ќе гостува на стадионот „Младост“ во Струмица, каде ќе ги одмери силите со прилепскиот прволигаш Победа. Напаѓачот Христијан Кировски верува дека „романтичарите“ можат да ги освојат трите бода на ова гостување.

„Го оставивме зад себе поразот од Шкендија и максимално сме мотивирани да одиграме квалитетно против Победа во Струмица. Теренот на стадионот „Младост“ нуди добри услови за фудбалско надигрување и мислам дека тоа наполно ќе ни одговара, а наше е да одиграме најдобро што знаеме. Верувам дека имаме квалитет да го совладаме составот на Победа и да освоиме три бода“, вели Христијан Кировски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...