Ветеранот на фудбалска Италија, Џорџо Кјелини и понатаму не може да го заборави кошмарот што го приреди Македонија на неговата репрезентација среде Палермо.
Актуелниот европски првак имаше можност на домашен терен да обезбеди финале во плеј-офот. Сепак, „црвено-жолтите“ со погодокот на Александар Трајковски ги шокираа „аѕурите“ и успеаа да ја запишат една од најголемите победи во нашата фудбалска историја.
„Нема дилема, во одлучувачките мечеви игравме без неколку клучни играчи. Можеби успехот на Европското првенство беше токсичен за нас и плативме висока цена поради истиот. Никој не вели дека ќе ја победевме Португалија, но поразот од Македонија не смееше да се случи и едноставно е неприфатлив“ , изјави италијанскиот дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА