Клаебо освои олимписко злато и го предизвика Болт

Новата ѕвезда на норвешкото крос-кантри скијање, 21-годишниот Јоханес Клаебо, освои олимписко злато во Пјонгчанг и го предизвика на двобој Усеин Болт! Светскиот рекордер на 100 метри и осумкратниот олимписки шампион, вети шише шампањ со автограм за секој олимписки шампион во Пјонгчанг кој ќе позира со медалот во неговата карактеристична поза.

Јоханес Клаебо во Пјонгчанг го освои златниот медал во класичен спринт и стана најмладиот олимписки шампион во крос-кантри во машка конкуренција. Норвежанецот ја прослави титулата во позата на Болт и вети дека ќе го земе шампањот, но и возвратно го предизвика Болт на меѓусебна трка во Њујорк.

„Ќе го земам шишето, ако се согласи на трка на 100 метри против мене во „Централ Парк“ во Њујорк. Усаин ќе трча, јас ќе скијам. Ќе видиме кој ќе победи“ – рече Клаебо пред норвешките медиуми.

Се вчитува...