Класата е вечна – Тоти и како пензионер го победува Лацио (видео)

Франческо Тоти за време на играчката кариера беше кошмар за голманите на Лацио, а во ист стил продолжува и како „пензионер“. Тој настапи на првенството на Италија во мал фудбал, судбината сакаше во финалето да се сретне со „лацијалите“, за кои легендата на Рома не покажа милост ниту на овој натпревар.

Неговиот тим на крајот победи со 2-1, а стрелец на победничкиот гол беше токму Тоти, и тоа од слободен удар од петнаесетина метри.

Се вчитува...