Кливленд без проблеми, феноменалниот Казинс со 40 поени ги „сруши“ Лејкерси

Актуелниот шампион Кливленд славеше на гостувањето против Минесота со 116-108 во еден од трите синоќешни дуели во НБА лигата.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг предводеа во победата на Кливленд, Џејмс со 25 поени, 14 асистении и осум скока, додека Ирвинг имаше 25 поени и седум асистенции.

Далеку најефикасен кај домашните беше Ендрју Вигинс со 41 постигнат поен, додека Карл Ентони Томас на своето конто имаше 26 поени и осум скока.

Чикаго прилично лесно славеше против Торонто со 105-94. МекДермот за домашните постигна 20 поени, а на висина на задачата беше и Џими Батлер со 19 поени и 12 асистенции. Кај гостите најдобар беше Кајли Ловри со 22 постигнати поени.

Кошаркарите на Сакраменто на гости славеа против ЛА Лејкерс со 97-96, во фантастичен натпревар на ДеМаркус Казинс кој постигна 40 поени, дополнети и со 12 скока и осум асистенции. Кај домашните се истакна Лоу Вилијамс со 29 поени и пет асистенции.

Се вчитува...