Клоп даде интересен одговор за тоа колку тима сезонава се борат за титулата во ПЛ

Викендов се враќаат возбудувањата во Премиер-лигата по репрезентативната пауза. Актуелниот шампион Ливерпул во недела го пречекува Лестер во еден од многуте интересни мечеви од 9. коло во Премиер-лигата. Минатите три сезони Манчестер Сити и Ливерпул се бореа за трофејот, но годинава менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп смета дека многу повеќе тимови имаат шанси за титула.

„Годинава осум клуба ќе се борат за титулата. Ако успееме да ја одбраниме ќе биде поголем успех од освојувањето минатата сезона. Конкуренцијата е многу голема и оваа сезона ќе биде навистина тешка“, изјави Клоп.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...