Клоп до фановите на Ливерпул: Резервирајте си хотел во Истанбул, и догодина ќе играме финале

И покрај поразот од Реал Мадрид синоќа во финалето во Лигата на шампионите, тренерот на Ливерпул Јирген Клоп беше добро расположен. Најпрво ја честиташе победата на Реал Мадрид, а истакна задоволство од одиграната сезона на неговите избраници и покрај поразот во финалниот меч.

Клоп потоа даде интересна изјава во која е уверен дека повторно ќе игра финале во Лигата на шамионите, и тоа веќе следната сезона.

„Можам да им порачам на навивачите уште од сега да си резервираат хотели во Истанбул за финалето догодина. Повторно ние ќе бидеме во него“, изјави Германецот.

Се вчитува...