Клоп: Едноставно – Реал постигна гол, ние не

По финалето во Лигата на шампионите, Јирген Клоп беше сосема искрен и истакна дека и покрај поразот, неговите момци одиграле добра сезона.

Клоп рече дека Реал победил со само еден удар кон голот, но и дека тоа мора да се почитува.

„После мечот видов дека поседот е израмнет. Имавме повеќе удари, повеќе удари во голот, подобра статистика од Реал Мадрид. Секако дека ќе му честитам на Реал Мадрид, го правам тоа сега, исто така им честитав и на теренот. Тие постигнаа гол, тие не, и го почитуваме тоа. Кога голманот е играч на натпреварот, тогаш нешто не е во ред со другиот тим. Имавме три големи шанси каде Куртоа имаше неверојатни одбрани.

Во последната третина од меот можевме и подобро, а нафрлувањата кон Куртоа немаа многу смисла. Најдобрата фаза беше кога тие имаа 1-0, и кога имавме простор да играме. Сакавме да играме малку повеќе на нивна половина. Проблемот со Реал Мадрид е тоа што се бранат длабоко, и заканата од контранапади по нашиот гол беше огромна. Не можеше да го игнорираме тоа. Направивме многу добри работи, но тоа не беше доволно, и го прифаќаме. Салах секогаш дава вакви голови, сега не успеа. Имаше извонредна одбрана на Куртоа и тоа мора да се почитува. Реал Мадрид имаше само еден удар и тоа беше гол. И тоа е сосема во ред на вакви натпревари во кои е најважно да се победи. Како и на кој начин, тоа не е важно. Во секој случај одигравме одлична сезона, и ќе ја славиме“, рече Клоп.

Се вчитува...