Клоп го носи „новиот Де Лихт“ во Ливерпул

Ливерпул игра одлично и по повредата на Вирџил ван Дајк, но откако во меѓувреме тешка повреда заработи Џо Гомез, но Јирген Клоп му стана јасно дека ќе мора да ангажира нов дефанзивец во јануарскиот преоден рок. Кулибали и Упамекано се нереални опции кога станува збор за зимскиот преоден рок (се очекува двајцата да ги сменат клупските бои во текот на летото), поради што „црвените“ своето внимание го насочија кон Пер Шурс.

Станува збор за играч кој е крајно стабилен во последната линија на Ајакс, доволна препорака на Клоп да тргне во офанзива за негов потпис. Ајакс во 2018 година плати два милиони евра за Шурс, потоа го остави една сезона да мине во Фортуна Ситард, за годинава тој да биде најстандарден во тимот на тренерот Тен Хаг.

Шурс е играч кој добро се снаоѓа со топката во нозе, особина слична на Де Лихт, уште една причина за Ливерпул да се обиде да го доведе на „Енфилд“ веќе во јануари. Англиските медиуми најавуваат дека првата понуда ќе изнесува 20 милиони евра (десет пати повеќе од сумата што Ајакс ја плати пред две години), но холандскиот првак сигурно ќе бара уште повисока отштета за да даде зелено светло за трансфер сред сезона.

Се вчитува...