Клоп го прозва првиот фудбалер кој нема да игра во финалето на ЛШ и порача: Знам каде ја загубивме титулата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекувано е разочаран поради денешниот епилог на последното коло на Премиер лигата, но уште еднаш истакна дека е горд на своите фудбалери кои одиграле фантастична сезона.

Германецот истакна дека овој состав на играчи е најдобриот што некогаш го имал и тренирал.

„Ова сум го кажал 500 милиони пати и пак ќе повторам, овој состав на фудбалери е најдобриот со кој сум работел и вистинско уживање е да се работи секојдневно со нив. Знаеме зошто не успеавме, ни недостасуваше поголема стабилност во првиот дел од сезоната, а сега ни останува да се бориме за третиот трофеј сезонава. Ова не беше резултат кој го посакувавме, знаев дека Сити губи со 1-0, па и со 2-0, па нормално е дека имаше и големо разочарување на крајот. Ако беше 5-0 за Сити по десет минути, тоа ќе беше обичен натпревар и за нас, но и ние денеска не одигравме најдобро, иако мора да бидеме задоволни со 92 освоени бодови“, вели менаџерот на Ливерпул

Клоп најавил и дека повредата на Тиаго очигледно не е наивна.

„Мислам дека Тиаго ќе го пропушти финалето на Лигата на шампионите. Лекарите најавија дека повредата не е наивна, останува да добиеме потврда од дополнителните прегледи“, изјавил Клоп.

Се вчитува...