Клоп и Анчелоти одлучија: Ливерпул ќе ризикува со Тиаго, Реал почнува со Валверде

Познати се составите на двата тима за големото финале во Лигата на шампионите вечерва во Париз. Менаџерот на Ливерпул се одлучи да ризикува со Тиаго Алкантара, и да го вметне во составот на „црвените“, на сметка на него Кеита остана на клупата за резерви.

Клоп исто така ќе напаѓа со Салах, Мане и Диаз. Покрај Тиаго, во средниот ред се Фабињо и Хендерсон, а во одбраната Арнолд, Конате, Ван Дајк и Робертсон.

Анчелоти, пак, не се реши да почне со Родриго и го остави на клупата како „џокер“. Така Реал стартува со стандарниот состав кој ги исфрли и ПСЖ, и Челси и Манчестер Сити.

Се вчитува...