Клоп носи Алжирец како замена за Ловрен

Ливерпул влезе во завршна фаза од преговорите со Бетис за ангажман на Аиса Манди, во кого „црвените“ гледаат идеална резервна варијанта за тандемот Ван Дајк – Гомез. Англискиот шампионат летово го продаде Дејан Ловрен во Зенит, по што интензивно се трага по искусен дефанзивец што ќе биде замена за Хрватот.

Изборот на Клоп паднал врз 28-годишниот Манди, кој е стандарден во тимот на Бетис и во алжирската репрезентација. Шпанскиот клуб лани бараше 20 милиони евра за овој фудбалер, но летово ситуацијата е поинаква, Манди има само уште една година од договорот, поради што и неговата вредност на пазарот е двојно пониска.

„БЕИН Спортс“ јавува дека Ливерпул веќе понудил 10 милиони евра, по што преговорите се влезени во сам финиш, па се очекува алжирскиот дефанзивец до крајот на неделава и официјално да биде потпишан како прво летно засилување на „црвените“.

Се вчитува...