Клоп откри која му е најголемата грешка во кариерата: Тој играч е фантастичен

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, рече дека една од најголемите грешки во кариерата  е што во својот тим не успеал да го донесе играчот на Тотенхем, Хеунг Мин Сон.

Сон играше во Баер Леверкузен, а имал можност да го донесе во Борусија Дортмунд, кој го водеше до 2015 година пред да замине во Ливерпул.

„Една од моите најголеми грешки е што не го доведов Сон. Тој е фантастичен, синоним за корејскиот фудбал и еден од најдобрите во светот“, рече Клоп. 

Корејскиот фудбалер го чека пауза поради која ќе го пропушти престојниот Мундијал во Катар.

Се вчитува...