Клоп цел месец без уште еден дефанзивец

Повредата на Вирџил ван Дајк беше само почеток на дефанзивните проблеми за Јирген Клоп, веднаш потоа се повреди и Бразилецот Фабињо, а вчерашното дерби со Манчестер Сити предвреме го заврши и Трент Александер Арнолд. Лекарските прегледи покажаа кинење на мускулот на ногата, а првичните прогнози се дека десниот бек ќе отсуствува оолу еден месец од терените.

Ова значи дека Клоп нема да може да смета на еден од своите најстандардни првотимци за пресметките со Лестер, Брајтон и Вулвс од Премиер-лигата, како и дуелите со Аталанта и со Ајакс во Лигата на Шампионите.

На дербито со Манчестер Сити во игра на местото на Александер Арнолд влезе искусниот Џејмс Милнер, но шанса на некој од следните натпревари би можел да добие младиот Неко Вилијамс.

Се вчитува...