Клубот на Чурлинов се откажа од долгогодишниот спонзор: Шалке 04 се откажува од Гаспром поради руската инвазија на Украина

Газпром, долгогодишниот спонзор на Шалке 04 повеќе нема да биде на дресот на клубот од Гелзекирхен откако германскиот состав денеска го откажа договорот со руската нафтена компанија поради конфликтот помеѓу Русија и Украина, а наместо „Газпром“ на дресот ќе пишува Шалке 04.

Газпром е спонзор на „сино-белите“ веќе 15 години, но во солидарност со Украинците, како и претпазливост поради можни санкции Германците одлучија да стават крај на соработката.

Утрово од Управниот одбор на германскиот второлигаш замина и Матеиус Варниг, еден од раководителите на Газпром за гасоводот „Серверн тек 2“ кој подлегна под амерички санкции.

Се вчитува...