Екипите во НБА лигата ја дознаа сумата која можат да ја потрошат за плати за своите кошаркари без да плаќаат пенали.
Според „Атлетик“, НБА-лигата ја ажурира проценката за горната граница за плати, односно селари-кап за сезоната 2027-28.
Со новите измени, сите екипи ќе можат да потрошат два милиони долари повеќе, односно, горната граница за плати ќе изнесува 176 милиони долари, додека 213 милиони долари е прагот за данокот на луксуз, односно сумата која ако екипите ја надминат ќе мора да плаќаат пенали.
„Атлетик“ пишува дека по стапувањето на сила на новиот договор за ТВ правата кој е тежок десет милијарди долари по сезона, горната граница за плати ќе се зголемува речиси за 10 отсто секоја сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
