Клупата му донесе победа на Наполи, Елмас не доби минутажа (ВИДЕО)

Наполи триумфално мина на гостувањето кај Кремонезе, и на крајот успеа да слави со 4-1, благодарение на три гола на резервните играчи кои влегоа од клупата во второто полувреме.

Наполи поведе со гол на Политано од пенал во 26. минута. Сепак, Десер во 47. минута успеа да израмни и да ги „шокира“ наполитанците.

Лучијано Спалети направи вистинска измена, и во игра го уфрли Џовани Симеоне, кој се покажа како „џокер“ во 76. минута стрела по асистенција на Руи. Во 90. минута погоди уште еден „џокер“ – Лозано по асистенција на Кварацхелија за 3-1. Уште еден „резервист“ во името на Оливера се запиша во листата на стрелците во судиското надополнување, за конечни 4-1.

Елиф Елмас остана на клупата за резерви цел натпревар.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...