Жозе Мурињо полека го составува стручниот штаб за својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид.
Познат по тоа што сака да има поранешна клупска легенда во својот штаб, португалскиот стратег го избра Пепе за таа улога. Пепе помина една деценија во Мадрид, од 2007 до 2017 година, и веќе работеше со Мурињо за време на неговиот прв престој на Бернабеу.
За време на неговата одлична играчка кариера, која заврши во 2024 година во Порто, Пепе освои три Лиги на шампиони, три шпански првенства, два Кралски купа, две Светски клупски првенства и два Суперкупа на УЕФА со кралевите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
