Коби Брајант и Џиџи биле погребани на интимна семејна церемонија минатата недела

Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи биле погребани на интимна семејна церемонија во Орин Каунти минатата недела.  Во посмртницата на Брајант стои дека бил погребан на 7.февруари во Пацифик Вју Меморијалниот парк во Корона дел Мар. Ова е промена од првичниот план за тоа каде треба да биде погребано телото на Коби.

На овој начин била испо;итувана желбата на семeјството на прiвата церемонија да се прости од најблиските. Комеморација за НБА легендата и за неговата ќерка Џиџи ќе биде одржана на 24 февруари во „Стејплс Центар“ вo лос Анџелес. Настанот ќе биде „прослава на животот“ како што најави неговата сопруга, Ванеса.

Една од најголемите кошаркарски ѕвезди во светот и неговата 13-годишна ќерка ги загубија животите во трагична хеликоптерска несреќа. Причините и натаму се истражуваат.

 

View this post on Instagram

 

#2, #24, #20 years as a Laker and the amount of years Kob and I were together ❤️❤️??

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant) on

 

 

 

Се вчитува...