Кочоски: За Струга и бод против „лавовите“ ќе биде добар резултат, но одиме на победа во Ѓорче

Струга Трим и Лум утре ќе и гостува на Македонија Ѓорче Петров во натпревар од претпоследното 32. коло сезонава во Првата македонска фудбалска лига.

Играчот на стружани, Валенитн Кочоски вели дека и бод ќе биде успех, но ако одиграат како во минатите неколку кола можат да стигнат и до победата.

“Сакаме што подобар пласман на првенствената табела, така да и на натпреварот во Ѓорче Петров против Македонија Ѓ.П, ќе играме за позитивен резултат. И еден бод за нас ќе биде добар резултат, но ако ги повториме добрите игри како во изминативе кола, верувам дека ќе ги освоиме 3 бода”, вели Кочоски.

Натпреварот во Ѓорче Петров е закажан за во 17 часот.

Се вчитува...