„Кога ќе слушнам дека за мене сакаат да платат 30 милиони, мака ми е“

Фудбалерот на Аталанта Робин Госенс признава дека се премногу 30 милиони евра, сума која се подготвени клубовите да ја платат за него.

„Кога ќе слушнам дека некој сака да плати 30 милиони евра, мака ми е, но факт е дека фудбалерите сега чинат многу повеќе. Иако е разумливо Аталанта да ме продаде бидејќи имав одлична сезона, уште немам добиено информации од клубот за тоа“, изјави Госенс. 

Аталанта вечерва игра против Милан во 36. коло од Серија А и со победа има шанси да се врати во борбата за титулата со Јувентус.

Се вчитува...