Кога не ви е денот: Прво го нокаутираше соиграч, а потоа и физиотерапевтот го удри со нога во глава (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд вчераше славеше убедливо со 3-0 против Бохум во Бундеслигата, а прашањето на победникот си го реши уште во првото полувреме.

Но, мечот некако остана забележан и од случувањето во самиот финиш.

Во 76. минута гостинскиот играч Ентони Лосила остана да лежи на теренот по дуелот со еден свој соиграч, Доби незгоден удар во глава и веднаш побара лекарска помош.

Побара лекарска помош, но кога не ви е денот, на крај доби удар со нога во глава и од сопствениот физиотерапевт кој втрча на терен да му помогне. Физиотерапевтот на Бохум влета на терен, но доаѓајќи до Лосила се лизна и со ногата го удри незгодно во глава…

 

Се вчитува...