Кој е “The Best” за 2018: Мбапе, Модриќ, Роналдо, Варан…

ФИФА покрај номинациите за најдобар тренер, денеска ја објави и листата на финалисти во изборот за најдобар фудбалер за 2018 година, кој ќе ја добие наградата “The Best” што светската куќа на фудбалот почна да ја доделува по разделбата од „Франс фудбал“ и заедничкото доделување на „Златната топка“.

Рафаел Варан е единствениот кој ги има обединето двете клучни титули за годинава, светски првак со Франција и европски клупски шампион со Реал Мадрид. Токму затоа Французинот се најде на оваа листа од финалисти, заедно со Килијан Мбапе и со Антоан Гризман, кој покрај титулата со „триколорите“ може да се пофали и со трофеј во Лигата на Европа.

Кристијано Роналдо и Лионел Меси се редовни учесници во овие избори, во кои овојпат се најде место и за Азар, Салах, Де Бруин, Кејн… Интересно, на оваа листа нема место за Нејмар, по театралностите и променливите игри на Бразилецот на последниот Мундијал.

Се вчитува...