Кој ќе биде наследникот на Карим Бензема во Реал Мадрид?

И покрај најавите за негово останување Карим Бензема го напушта Реал Мадрид на крајот на сезоната, потврдија од „кралскиот клуб“.

Французинот по четиринаесет години ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, а медиумите на Пиринети веќе почнаа да шпекулираат со името на неговиот наследник во нападот на „кралевите“.

Прва и најголема желба е англискиот репрезентативец Хари Кејн кој одигра феноменална сезона во Премиер-лигата и постигна триесет голови, а на оваа листа се наоѓаат уште Лаутаро Мартинез од Интер, Виктор Осимен од Наполи и Душан Влаховиќ од Јувентус.

 Не е исклучена и можноста Реал да донесе двајца напаѓачи и да ја зголеми офанзивната ротација, но тешко дека некоја од големите ѕвезди ќе прифати да биде нечија резерва во тимот.

Се вчитува...