Кој ќе се сретне со МЗТ Скопје? Само едно слободно место за Купот на Македонија

На коло пред крајот на првиот дел од сезоната во Првата кошаркарска лига останува само едно отворено место кое води на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“, а за истото се борат два тима. Тоа се Гостивар и Кожув кои доколку се најдат на собирот на најдобрите осум за противник во четвртфиналето ќе го имаат бранителот на трофејот, МЗТ Скопје.

Гостиварци се во поповолна позиција со оглед на тоа што се наоѓаат на осмото место на табелата со четири победи, една повеќе од Кожув, но со оглед на тоа што гевгеличани славеа во меѓусебниот натпревар со гостиварци, со своја победа во 11. коло против Пелистер и пораз на Гостивар во средбата со Работнички ќе ја превземат осмата позиција.

Три победи колку што има Кожув има и Вардар, но скопскиот повратник во „елитата“ забележа порази во меѓусебните натпревари со Гостивар и Кожув па нема шанси за пласман на Купот.

А, последното коло од првиот дел од сезоната ќе биде одлучно и за конечниот пласман на преостанатите шест тима со оглед на изнедаченоста на табелата од втората до седмата позиција. Пелистер, Еуро Никел, Работнички, ТФТ, Чаир 2030 и Феникс 2010 се на една победа едни од други па јасно е дека не чека голема неизвеноста за која исто така големо значење ќе имат меѓусебните средби.

Се вчитува...