„Кој не го почитува карантинот треба да биде убиен“

Поранешниот прв тенисер на светот Марсело Риос со својата објава ја шокираше јавноста. Чилеанецот се сложува со зборовите на филипинскиот претседател Родрио Дутерте дека би требало да бидат убиени сите тие кои не го почитуваат карантинот.

„Не знам каква е владата на Филипини, но јас лично би ги убил сите тие кои не го почитуваат карантинот. Сигурен сум дека со убивање на две лица ќе ги натера останатите да не ни помислат да го кршат карантинот. Се разбира ова е само мое мислење“, напиша Риос. 

Марсело Риос на првата позиција на АТП листата застана на 30. март 1998 година, а најдобар успех на грен-слем турнирите му е финалето на Австралија опен истата година.

Се вчитува...