„Кој знае – можеби нема да играме тенис следните две години“

Поранешната најдобра тенисерка во светот, Анжелик Кербер не е сигурна дали ќе настапи на УС Опен. Покрај тоа што само по себе е несигурно дали воопшто ќе почне американската турнеја поради зголемениот број на случаи на коронавирус, Германката не е сигурна ниту кога ќе се врати тенисот.

„Искрено не можам да замислам. Мислам дека во моментов никој не сака да се качи во авион и да замине за САД. Во овој момент никој нишо не знае и никој не знае што ќе се случува. Кој знае, можеби нема да играме тенис во следните две години. Тешко е да се каже, можеби ќе почнеме и за три недели, никој ништо не знае“, изјави Кербер. 

Кербер го освои УС опен во 2016 година, а во моментов се наоѓа на 21. позиција на ВТА листата.

Се вчитува...