Претстојниот Евробаскет ќе биде најсилниот во историјата, а секако интересно е да се види која светска лига нуди најмногу играчи во континентално европско натпреварување.
На Евробаскетот што од 1. до 18. септември ќе се одржи во Германија, Италија, Чешка и Грузија ќе учествуваат дури 34 НБА играчи. Тука се и некои од најголемите ѕвезди како Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо.
Сепак, НБА лигата не е натпреварувањето кое нуди најмногу играчи на Евробаскетот, таа чест и припаѓа на шпанската АЦБ лига, која важи за најдоброто кошаркарско натпреварување во Европа по Евролигата. Шпанското првенство испрати дури 50 играчи на Евробаскетот.
Турската БСЛ лига има 22 играчи, а на четвртото место е заедничката лига на Холандија и Белгија со 21 играч. Италијанската Лега А на првенството испраќа 19 играчи, а 14 од нив ќе играат од грчката и израелската лига. Зад нив се Полска со 13, Србија со 12 и Франција со 11 играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА