Коко Гауф ја елиминираше Женг за полуфинале во Рим

Американската тенисерка Коко Гауф, беше подобра од Кинвен Женг и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим. Гауф сега во следната фаза ја чека меч со Ига Швјонтек.

Гауф се намачи додека го добие првиот сет, за кој и требаше повеќе од 1:12 минути. Беше потребен и тај-брејк, во кој Американката славеше со 7-6 (7-4 во тај брејк).

Далеку полесна задача имаше во вториот сет, кога буквално ја „збриша“ противничката и дојде до три брејка по ред за убедливи 6-1.

Се вчитува...