Коларов на удар на ултрасите на Рома: „Ти си по.ран Хрват“

Тензиите во и околу Рома растат од ден на ден. Откако најтрофејните навивачи на Рома го каменуваа клупскиот автобус, сега на удар се најде Александар Коларов.

Анимозитетот на ултрасите на Рома кон Коларов се појави по ремито со Аталанта (3-3) кога српскиот репрезентативец како и Костас Манолас луто одговорија на дофрлувањето од навивачите додека чекаа воз за Фиренца.

Во Фиренца ден подоцна Рома доживеа дебакл (7-1) против Фиорентина во Купот на Италија, а сите фудбалери беа приморани да се вратат во Рим со клупскиот автобус за да се избегнат несакани ситуации.

Но, група „ултраси“ на Рома го дочекаа клупскиот автобус пред тренинг кампот и го нападнаа со камења. Навивачите не запреа само на тоа па на ѕидовите од куќата на Коларов испишаа и неколку графити порачувајќи: „Коларов, спушти се на земја“ и „Коларов ти си по.ран Хрват“.

Иако, со тоа Хрват очигледно покажаа и дека не знаат многу, многу за фудбалерите од својот тим!

Се вчитува...