Македонската ракометна репрезентативка Ана Марија Коларовска го напушти Металург Автокоманда и за првпат во кариерата ќе игра во странство.
24-годишната ракометарка (која може да игра на сите бековски позиции) потпиша за хрватскиот ЖРК Брод, кој од оваа сезона настапува во елитната хрватска лига. Во Брод таа ќе биде втората Македонка во тимот, по голманката Драгана Петковска.
Коларовска ги помина сите младински селекции на Македонија, а сега е стандарден член на сениорската репрезентација. Пред Металург, таа играше за Спартак, Вардар и Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

