Колаж на фудбалерите за ЕВРО 2020 се продава во акција за спасување на детски живот (ФОТО)

Слика со фудбалерите на Македонија кои беа дел од Европското првенство 2020 година се продава во добротворна аукција како би се спасил животот на малиот Јаков на кого му е потребна медицинска помош за неговото закрепнување.

Почетната цена на сликата е 1000 евра, а за жал по првата аукција немало никакви понуди, поради што се почнува нова акција за продажба на сликата. Двегодишниот Јаков веќе мина низ две тешки операции, на кои му беше отстранет туморот, а притоа и загуби еден бубрег.

 

Се вчитува...