Колесников повторно го урна рекордот на 50 метри грбно (ВИДЕО)

Рускиот пливач, Климент Колесников по уривањето на светскиот рекорд во полуфиналето на Европското првенство на 50 метри грбно, овој пат и во финалето успеа да го надмине најдобриот резултат на сите времиња.

Русинот до златото стигна со време од 23.80 секунди, што беше за 13 стоти делови од секундата од времето кое го постави во полуфиналето.

 

Се вчитува...