‘Селекцијата на БиХ го заврши настапот на СП 2026 со пораз во 1/16 финалето од ко-домаќинот САД, мундијал на кој самиот пласман на босанските фудбалери беше своевидно чудо по елиминациите на Велс и на Италија преку баражот во Лигата на Нации.
Селекторот Барбарез и неговите избраници воопшто не се посрамотија, цело првенство го одиграа на максимумот од своите можности, што за жал беше доволно само до првата нокаут фаза од шампионатот.
Самото учество и пласманот во доигрувањето донесоа и огромна финансиска корист за федерацијата која одлично заработи од овој успех на фудбалскиот национален тим.
Според структурата на плаќање на ФИФА, федерацијата на БиХ доби 2,5 милиони долари за организација на подготовките и тренинг-кампот во САД, потоа дополнителни 10 милиони за пласман на светското првенство и дополнителни 11 милиони за пласманот во нокаут фазата.
Или севкупно 23,5 милиони долари, одлична заработка за „скромна федерација“ како онаа на БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
