Коман не „мрда“ од Минхен, го продолжи договорот со Баерн

Францускиот репрезентативец Кингсли Коман и покрај најавите за трансфер во друга екипа, сепак, ќе остане дел од Баерн Минхен. Преговорите траеја долго, а конечно дојде до нова соработка.

На Коман стариот договор му истекуваше во 2023 година. За него имаше интерес од ПСЖ и од Реал Мадрид. Меѓутоа според обновениот договор, сега тој ќе биде „врзан“ за „Баварците“ до 2027 година. И покрај тоа што е сенка на Гнабри и Сане, сепак, Коман се реши да остане во таборот на првакот на Германија.

Тој ќе стане трет најплатен играч во Баерн, со плата од 17 милиони евра годишно. Повеќе од него имаат само Левандовски и Нојер кои заработуваат околу 20 милиони.

Се вчитува...