„Никогаш Северна, само Македонија“ – скандирајќи го ова претставници на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ го спречија давањето изјава на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“. По заминувањето на вицепремиерката, со пеење патриотски песни, во придружба на полицијата навивачките групи оддадоа почит на гробот на големиот македонски револуционер.
„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“ – рече Шекеринска која оцени дека настанот е со политичка мотивација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА