Барселона летово ќе остане без Роберт Левандовски, каталонците планираат да остават значаен дел од буџетот за ангажман на нов врвен голгетер, а добро познато е дека на врвот на листата со желби на тренерот Флик беше Хулијан Алварез. Атлетико Мддрид не покажува интерес да го продаде својот најдобар напаѓач на директен ривал за највисок пласман, а проблемите станаа уште поголеми откако ПСЖ тргна во офанзива по истиот фудбалер.
„Светците“ не беа премногу активни на пазарот во изминатата година и имаат повеќе од доволен буџет да ги замрсат сметките на Барса во оваа трка. Клучна е желбата на Луис Енрике, кому му е јасно дека му е потребна класична „деветка“ во тимот за да го врати Дембеле на крилната позиција.
Трофејниот стратег го посочил токму Алварез како идеално засилување, а јасно е дека Ал Келаифи ќе стори буквално се за да ја исполни оваа желба на тренерот што го искачи ПСЖ на тронот на европскиот фудбал.
„Светците“ се подготвени да платат и над 130 милиони евра за да го доведат Алварез, чие доаѓање речиси сигурно ќе значи и заминување на Баркола, кој сезонава има се помала минутажа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
