Ливерпул прави сериозен ремонт во играчкиот кадар, а следниот на листата „ѕвезди“ што ќе си заминат е Алисон Бекер. Екс-голманот на Рома освои се што можеше да се освои во дресот на „црвените“, па сега сериозно размислува за камбек во Калчо-лигата, и тоа во редовите на Јувентус.
Италијанските медиуми тврдат и дека Алисон веќе ги договорил личните услови со „црно-белите“ од Торино, но проблем претставува ставот на Ливерпул – голманот не може да си замине без соодветна отштета. Бекер има уште една година од договорот со Ливерпул, истото беше случај и со Мохамед Салах, но за разлика од искусниот голгетер кој доби раскин на договорот, Алисон ќе може да си замине само со трансфер и платена отштета (Ливерпул бара 20 милиони евра).
Сумата не е висока, но Јувентус се соочува со финансиски проблеми и инсистира на слободен трансфер, или во најлош случај – плаќање на „само“ десет милиони евра, и тоа на неколку годишни рати.
Сето ова сериозно ги загрозува шансите за потписот на одличниот бразилски голман, поради што Јуве сериозно почнува да го разгледува и „планот Б“ за голманската позиција, потпис на Давид де Хеа од Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
