Комити со донација на здравствените работници: Вашата борба е и наша борба

На светскиот ден на здравјето, навивачката група  „Комити“  се вклучи во помагањето во борба против коронавирусот. Подржувачите на Вардар за потребите на здравствените работници донираа маски, заштитни мантили и средства за дезнфекција.

„Со цел подобро справување со вирусот COVID-19, кој доби пандемиски размери, денес ја посетивме скопската Клиника и дониравме 1000 маски, 40 заштитни мантили и десетици средства за дезинфекција. Истите ќе бидат распределени онаму каде што се најнеопходни.Комитски е овојпат да останеме дома, со тоа ќе спречиме вирусот да се прошири и стигне до оние кои имаат послаб имунитет, до хронично и тешко болните. Заедно да им дадеме шанса и ним за праведна борба и победа. Вашата борба е и наша борба“ – стои во пораката од „Комити“.

 

 

Се вчитува...