Комплетен распоред за есенскиот дел од сезоната: Ќе биде ли дерби? Вардар – Шкендија на 18 октомври

Познат е комплетниот распоред за првиот дел од сезоната 2020/21 во Првата фудбалска лига. Шампионатот треба да почне на 9.август, а есенската полуетапа ќе заврши со 18.коло кое е планирано за 16 декември. Вардар се уште е во хаотична ситуација, неизвесно е дали и кога ќе ги стартува подготовките, но, сепак, мечевите со Шкендија и понатаму треба да бидат дерби-дуели во прволигашката конкуренција. Првиот дуел е закажан за 18 октомври на арената „Тоше Проески“ во Скопје.

Се вчитува...